Руските сили го гранатираа аеродромот во Лавов, украински град во близина со Полска. Според светските медиуми рано утрово се слушнале најмалку три силни експлозии.
Градоначалникот на Лавов, Андреј Садовиј потврди дека експлозиите биле во подрачје на аеродромот. Но, тој на Телеграм напиша дека аеродромот не е погоден.