ноември 24, 2024

Поенти: Русија и Украина направија план за прекин на огнот од 15 точки

*Околу 1.000 руски војници се заробени од украинските сили откако Москва започна инвазија на нејзиниот западен сосед пред три недели, според украинскиот претседател Володимир Зеленски.

* Полските обвинители собраа повеќе од 300 изјави на сведоци како дел од истрагата за наводните воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина, изјави полскиот министер за правда.

* Фајненшл Тајмс:

* Русија блокира пристап до веб-страницата на Би-Би-Си и вети нови одмазднички санкции за медиумите

* Руската Федерација официјално е исклучена од Советот на Европа

* Меѓународниот суд на правдата и нареди на Русија да ја прекине воената операција во Украина

* НАТО стои на ставот дека нема да се инволвира во војната во Украина, ризикот е преголем

* Рускиот претседател, Владимир Путин денеска изјави дека неговата воена кампања во Украина е успешна и нема да дозволи таа држава да биде „отскочна даска“ што би користела како закана кон Москва.

* Бројот на бегалци кои ја напуштија Украина по руската инвазија е зголемен за повеќе од 90.000 во изминатите 24 часа, соопштија денеска ОН.

* Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето обраќање пред американскиот Конгрес,го повика американскиот претседател Џо Бајден да биде „лидер на мирот“.

* Марина Овсјаникова, руската новинарка која „влета“ во живо во информативна емисија на руската државна телевизија, држејќи транспарент против војната во Украина, е загрижена за својата безбедност, но, се надева дека нејзиниот протест не бил залуден.

* Премиерите на Полска, Чешка и Словенија разговараа со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, веднаш откако се вратија од Киев

* Украина денеска ги отфрли предлозите на Русија за усвојување неутрален статус по примерот на Австрија и Шведска, велејќи дека разговорите со Москва за прекин на огнот треба да се фокусираат на „безбедносните гаранции“.

* Шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Питер Маурер пристигна во петдневна мисија во Киев, со цел да помогне во олеснувањето на пристапот на хуманитарните организации што работат во земјата

* Демилитаризацијата на Украина според австрискиот или шведскиот модел, со зачувување на сопствената армија, а без присуство на странски воени бази, е компромис, оцени официјален Кремљ.

* Медински: Русија е искрена во желбата да се постигне мир најбрзо што може

* Од руски аспект, преговорите со Украина не одат добро, но има одредена надеж за компромис, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

*Продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина. Украински преговарач вели дека „има шанса за компромис“.

*Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позицијата на Русија во преговорите „звучи многу пореалистично“.

*Американскиот претседател Џо Бајден следната недела ќе присуствува на самитите на НАТО и Европската унија во Брисел.

*Околу 29.000 луѓе беа евакуирани во вторникот од украинските градови, главно од опколениот Мариупол, изјави висок украински функционер.

*Советот на Европа покрена постапка за исклучување на Русија од членство, откако руското Министерство за надворешни работи во текот на денот ја информираше организацијата дека покренува постапка за повлекување.

*Во Украина треба да се испрати меѓународна мировна мисија, изјави лидерот на полската владејачка партија Јарослав Качински  на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.

*Од почетокот на агресијата досега руските вооружени сили имаат претрпено загуби до 40 отсто од ангажираната техника и луѓе во Украина, тврди Генералштабот на украинската армија.

Read Previous

Во Њујорк украдени 400 панцири донирани на Украина

Read Next

Институциите во Северна Македонија се организираат за собирање помош за Украина