мај 19, 2024

Чеченскиот лидер Кадиров му порача на милијардерот Илон Маск да не се „закача“ со Путин

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го предупреди милијардерот Илон Маск да не се „закача“ со рускиот претседател, Владимир Путин.

„На Илон Маск му препорачувам да не си ги мери силите со Путин. Вие воопшто не сте во иста лига“, напиша чеченскиот лидер на Телеграм, па додаде дека „најдобро е да се обучи и тоа во Чеченија, ако дојде до борба“.

Според Кадиров, милијардерот од Чеченија би се вратил како „потполно друга личност“.

Read Previous

Идната недела продолжуваат разговорите помеѓу Скопје и Софија

Read Next

ММФ: Руската инвазија врз Украина ќе влијае на глобалната економија