ноември 22, 2024

ОН: Војната во Украина многу ги погодува сиромашните држави во светот

Војната во Украина силно ги погодува најсиромашните, сее семе на политичка нестабилност и немири ширум светот, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Според Гутереш, руската војна во Украина држи „Дамоклов меч“ над глобалната економија, особено над сиромашните држави во развој кои се соочуваат со скок на цените на храната, горивата и на вештачкото ѓубриво.

„Русија и Украина учествуваат со повеќе од половина во светската понуда на сончогледово масло и со околу 30 отсто во светската понуда на пченица“, изјави тој пред медиумите посочувајќи дека „цените на житото веќе ги надминаа оние од почетокот на Арапската пролет и од периодот на кризата за време на 2007/2008 година. Гутереш изјави дека 45 африкански и најнеразвиени држави една третина од житото го увезуваат токму од Украина и Русија, додека 18 дури и половина. Според неговите зборови, меѓу тие држави се Египет, Конго, Бурика Фасо, Либан, Либија, Сомалија, Судан и Јемен.

Read Previous

Нов закон во Русија им овозможува на руските авиокомпании да ги задржат авионите изнајмени во странство

Read Next

Завршува обврската за зимска опрема во возилата