ноември 23, 2024

Мицкоски: Секогаш кога ДУИ е фатена во криминал, заборава на зелена агенда, па ајде на национализам

„Секогаш кога од ДУИ се фатени во криминал, тогаш веќе нема зелена агенда, ја забораваме зелена агенда, ајде сега национализам. И сега не е национализам да митинзите во Тетово и Гостивар за време на локалните избори се водат со реторика да не дозволиме ВМРО да ни бира градоначалник во Тетово и во Гостивар, или пак не е национализам на митингот во Кичево да се кажува дека Кичево е воен плен. Тоа за ДУИ е демократија, тоа се европски вредности. А, јас ако кажам за моите македонски параметри, национални, идентитетски преговора Бујар Османи без да ме праша е тогаш е национализам“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Мицкоски додаде дека ако се коментира и за околу изборот на Ејупи, е тогаш ДУИ ќе обвини за национализам.

„Или ако стане збор за Ејупи, тогаш според нив е национализам. Но тоа не е национализам, сега или ги исполнува критериумите или не ги исполнува. Има ли квалитет или нема“, рече Мицкоски.

Read Previous

Лидерите на ЕУ отфрлија членство на Украина низ брза процедура

Read Next

Мицкоски: Што има лошо во тоа, до крај ќе се борам за 150 електрични автобуси