Колку што сум информиран во текот на утрешниот ден практично имаме во Парламентот два закони кои што по скратена постапка треба да се донесат, а тоа е измената во законот за додадена вредност и измената во законот за акцизи. Иако ние тоа го предложивме уште таму некаде на крајот од минатиот месец за жал поради самобендисаноста би рекол и надменоста на оваа Влада, граѓаните изминативе две недели плаќаа за неколку десетици денари за литар поскапо гориво“,истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Мицкоски додаде дека за жал Владата е таква, и поради нивната неспособност граѓаните плаќаат поскапо гориво изминативе две недели.
„Ќе видиме како ќе се одвиваат работите деновиве, јас следејќи го она што е на меѓународните портали, следејќи го она кое што е актуелно во светот не очекувам дека нешто бргу ќе се измени во насока на смирување еве на состојбата каде што е конфликтно подрачје во моментов и каде што се случува тоа што се случува. И некако не можам да ја издвојам Македонија од сето тоа и дека граѓаните во Македонија бидејќи немаше план за справување оваа Влада со сето ова кое што денеска се случува, ќе трпат последици на семејниот буџет на стандардот. Ќе трпат и тоа е само како резултат на погрешните политики и немањето стратегија и визија на актуелната Влада“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека од власта ќе бараат разно разни оправдувања, но тоа нема да им помине бидеjќи граѓаните им ја прочитаа неспособноста.
Да го прифатеа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ сега народот ќе плаќаше 11 денари поевтино гориво
Во вечерашната емисија на Алфа Телевизија претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека доколку власта го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ народот сега ќе плаќаше 11 денари поевтино гориво.
„Доколку го намалите данокот, тогаш тоа нема ефект, даночната основица повторно е голема и повторно ќе имате зголемување на цените на основните артикли во маркетите. Тука е суштината, затоа ние сакавме да зафатиме со нашиот предлог повеќе во даночната основица, отколку отколку во данокот на додадена вредност. Се со цел да го заштитиме колку толку стандардот на граѓаните и да не дозволиме зголемување на цените. Ако го прифатеа тоа што ние го предлагавме тогаш безоловниот 95 и 98 октани, даночната основица ќе беше некаде за 11 денари по литар помала од таа која што ја предлага владата односно дизелот ќе беше некаде околу 9 денари поефтин отколку тој што го предлага Владата“ нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде и дека ВМРО -ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните преку конечната цена на производите во маркетите а власта само за сопствениот приход во буџетот за да можат да поминуваат тендерите во четири очи.
Владата должи кон домашното стопанство 400 милиони евра
Има алармантен податок дека околу 400 милиони евра е долгот на владата внатре во рамки на институциите, но и кон приватниот сектор. Тоа е сериозен внатрешен долг. Ова се податоци кои се транспарентни, нека ме демантираат ако не е така, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Мицкоски истакна дека да биде попрецизен бројката е точно 389 милиони во четвртиот квратал и тоа се сериозни податоци кои се алармантни.
– Ова се сериозни податоци, не е ова гола бројка, ние имаме внатре правни субјекти кои меѓу себе се должничко доверителски поврзани. Сега ако јас вас не ве платам, вие ќе доцните со плата на вработените, ако вработениот не земе навреме плата, нормално е дека ќе има лош квалитет на живот за него и за неговото семејство. Ќе мора се скрати од буџетот иако заработил, нагласи Мицкоски.
Во врска со пакетите мерки на власта, Мицкоски изјави дека власта нема мерки со кои ќе стимулира да речеме вработување и да ги задржат вработените.
– Немаат мерки кои ќе им помогнат на компаниите да ги задржат работните места и да не ги отпуштаат вработените. Во овој пакет нема мерки кои ќе се стимулираат да се обезбедат работните места, потенцираше Мицкоски.
Имаме помалку за 300 милиони евра државни резерви
„Ако ние пред 4 месеци знаевме дека ова може да се случи, потребно било да се подготвиме. Доколку ние сме ги наполниле веќе стоковите резерви, ако сме резервирале за иднината и ако сме направеле трансакции за да обезбедиме тогаш ќе платевме поевтини цени и немаше ова да ни се случува“, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.
Мицкоски додаде дека состојбата со државни резерви е катастрофална и затоа никој не кажува ништо. Не очекувам никаков план, стратегија и визија ниту пак некој во државава очекува од нив нешто. Целата стратегија нивна се движи по инерција односно системот сам се движи.
„Во моментов состојбата на буџетот со приливи и расходи е со 13 милиони евра дефицит односно околу 215 милиони евра тие повеќе потрошиле отколку што имаат приход. Тие ќе продолжат да трошат затоа што планот нивен е да позајмат пари на домашниот пазар, но во моментот претпоставувам тоа не е возможно така како што тие планираат бидејќи и тие кои позајмувале пари односно банките веќе имаат позајмено“, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека за жал оваа неспособност и отсуство на стратегија ќе ја плаќаат нашите деца, односно сите граѓани.
„Факт е дека од септември, октомври минатата година до февруари оваа година државните резерви и покрај тоа што цената на златото е покачена тие се намалени за некој си 300 милиони евра. За неколку месеци ние имаме помалку од 300 милиони евра државни резерви иако во меѓувреме цената на златото е покачена, а доколку цената беше иста тогаш се околу 350 милиони евра и тоа се пари кои се трошени од државните резерви“, заклучи Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ