Делегација на Сојузот на турски невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ) составена од претседателот Хусрев Емин, поранешениот претседател Тахсин Ибрахим и извршниот директор Мехмед Ариф, остварија средба со лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„На средбата одржана во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ беа разменети идеи за Пописот на населението што се одржа минатата година и чии резултати се очекува да бидат објавени на крајот на март”, информираат од МАТУСИТЕБ.
Од Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија велат дека средбата особено биле истакнати очекувањата и чувствителноста на турската заедница во Северна Македонија во однос на резултатите од пописот.
„За пописот се побарани состаноци со претседателот, премиерот, претседателот на Собранието, претставници на други релевантни институции и лидери на политички партии, а дискусиите на оваа тема ќе продолжат во наредните денови”, се вели во соопштението на МАТУСИТЕБ.