ноември 23, 2024

СДСМ: Граѓаните да бидат спокојни, има доволно гориво и стокови резерви

Владејачката СДСМ преку соопштение се огласи и порачува граѓаните да бидат спокојни, бидејќи како што велат, државата има задоволителна количина прехранбени производи, меѓу кои пченка и пченица.

-Државата, институциите продолжуваат со редовно снабдување на државните резерви, а се разгледуваат и евентуални потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резервите.

Нема потреба од паника, стокови резерви со храна и нафтени деривати има доволно.

Владата предводена од СДСМ сериозно и внимателно ја следи ситуацијата, граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ со кои нанесуваат штета на интересите на граѓаните и на државата, вели СДСМ.

Read Previous

Џонсон: Путин со неговите постапки е закана за цела Европа

Read Next

Бујар Османи итно отпатува во Брисел: Украина не е сама, сите заедно стоиме против Путин