ноември 24, 2024

Би-Би-Си: Јужниот украински град Керсон, наводно, веќе е во рацете на Русија

Во најновите борби во Украина, јужниот град Керсон – со население од околу 250 илјади луѓе, според медиумски извештаи паднал во рацете на руските војници, јавува Би-Би-Си, посочувајќи дека се уште нема официјална потврда.

Руските војници го зазедоа речното пристаниште и железничката станица во Керсон, изјави градоначалникот на Игор Колихав.

Тој апелира за помош од националната влада и хуманитарните агенции за да се обезбеди испорака на материјали, вклучително и храна и лекови и евакуација на повредените. Член на локалниот совет изјави за Би-Би-Си дека загинале 200 луѓе, од кои многумина цивили.

Официјалните власти наведуваат дека засега е потврдено дека четири лица загинале во последниот напад на градот.

Read Previous

Украинската одбрана тврди дека соборила неколку руски воени авиони

Read Next

Украинската војска соопшти дека руските сили извршиле воздушен десант на Харков