ноември 23, 2024

Села: Отворен Балкан ризикува да стане тројански коњ на Путин

Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села преку социјалните мрежи даде свој став за последните случувања во Европа, каде војната во Украина е во центарот на вниманието.

„Со Србија која толку отворено политички и економски соработува со рускиот агресор, Отворен Балкан ризикува да стане тројанскиот коњ на Путин на Западен Балкан. Освен Белорусија, Србија беше единствената европска земја која не ја поддржа резолуцијата што Албанија и САД ја доставија во Советот за безбедност на ОН за запирање на руската агресија врз Украина“, истакна Села.

Read Previous

Зеленски до руските војници: Оставете го оружјето и заминете одовде, спасете ги вашите животи!

Read Next

Трет ден потрага по детето Петар Џoбоски коe исчезна во мариовско