ноември 24, 2024

Кина повика на преговори за Украина и упати критики кон САД

Кина денеска го повтори својот повик на преговори за решавање на кризата во Украина, одбивајќи да ги критикува руските напади и обвинувајќи ги САД и нивните сојузници за влошување на ситуацијата во Источна Европа.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунјинг, изјави дека „украинското прашање е сложено во неговата историска позадина. Она што го гледаме денес е меѓусебна игра на сложени фактори“, рече Хуа.

Таа вели дека Кина внимателно ги следи најновите случувања.

„Се уште се надеваме дека заинтересираните страни нема да ја затворат вратата на мирот и наместо тоа ќе се вклучат во дијалог и консултации и ќе спречат понатамошна ескалација“, рече таа.

Read Previous

Мапа на руските воени напади врз Украина во моментов

Read Next

Пендаровски го свика Советот за безбедност поради Украина, седницата почна