ноември 23, 2024

Ракетиран аеродромот „Василковски“ во близина на Киев, голем број на Украинци го напуштаат градот

Според неофицијални информации копнени единици се приближуваат до Одеса а веќе се наоѓаат и на аеродромот во Харков.

Престрелки меѓу украинската војска и безбедносни сили и руските сепаратисти се регистрираат во Доњецк.

Ракетиран е аеродромот „Василковски“ во близина на Киев, а голем број на жители на главниот град на Укрина се засолнија во метрото или во паника го напуштаат градот. Официјален Киев соопшти дека засега се потврдени девет жртви, од кои седуммина се цивили, како и десетина повредени. Дејствувајќи против руската агресија тие собориле пет авиони и еден хеликоптер. Украинскиот министер за одбрана,Олексеј Резников, ги повика сите што се подготвени и способни да држат оружје да се приклучат на редовите на Територијалните одбранбени сили и да помогнат во одбрана на земјата. Украина ја повика Турција да го затвори Босфорот и Дарданелите за руските бродови.

Во моментот кога почна итниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите Нации, рускиот претседател Владимир Путин во вонредно телевизиско обраќање соопшти дека одобрил специјална воена операција во Украина со цел да го заштити руското население во источниот дел на оваа држава.

„Крајната цел на операцијата е да се заштитат луѓето што 8 години беа подложени на геноцид од режимот во Киев. Москва ќе почне со демилитаризација и денацификација на Украина и ќе ги предаде пред лицето на правдата оние што извршија многубројни злосторства врз цивилите. Москва нема далекусежни планови за преземање на целата територија на Украина. За секој кој би помислил на мешање однадвор, ќе се соочи со последици најголеми во неговата историја. Сите релевантни одлуки се донесени “, рече Путин.

Претседателот на САД, Џо Бајден, го осуди неиспровоцираниот и неоправдан напад на Украина од страна на руските воени сили.

Read Previous

Пендаровски: Силна осуда за воение дејствија на Русија кон Украина

Read Next

Фон дер Лајен: Путин ја врати војната во Европа