ноември 23, 2024

Полска укинува дел од анти-ковид мерките

Полска од 1 март ќе ги укине повеќето рестриктивни мерки воведени поради коронавирусот, но обврската за носење заштитни маски ќе остане на сила, најави денеска премиерот на таа земја, Матеуш Моравјецки.

– По консултации со лекарите и откако видовме што се случува во другите земји, можеме да воведеме далекусежни промени во нашата политика на рестриктивни мерки, рече Моравјецки, обраќајќи им се на новинарите.

Повеќе од 5,5 милиони случаи на коронавирус се регистрирани во Полска од почетокот на пандемијата на коронавирус, додека 110.157 луѓе починале како резултат на инфекцијата, според Worldometers.

Read Previous

ВИДЕО: Апсења низ Скопје, уапсени десет лица, сузбиена криминална група

Read Next

Местото каде што играа светските ѕвезди, сега е стадион на духови