ноември 23, 2024

ВИДЕО: Како швајцарските тајни сметки ги расплакаа македонските работници?

ИРЛ –Истражувачката репортерска лабораторија објави документарец за тоа како македонски олигарси изнесувале пари од Македонија, кои завршувале на швајцарски сметки, па потоа повторно како „чисти“ и „испрани“ биле враќани во нашата држава. Во овој документарец се откриваат сметки во швајцарска банка на бизнисмените Минчо Јорданов, сопственик на „Факом“, „Бетон“ и уште неколку фирми и Благој Механџиски сопственик на гигантот „Зегин“. Двајцата имале по неколку сметки во швајцарска банка на кои имало неколку милиони швајцарски франци.

Двајцата бизнисмени се поврзани со сомнителна приватизација на големи македонски фирми како што се Железара и Градски Аптеки.

Погледнете го документарецот.

Read Previous

Милошоски: Османи спинува дипломатски именување од пред 10 години

Read Next

Мицкоски: Порано или подоцна, предвремени избори ќе има!