септември 21, 2024

Град Скопје: Исчистен просторот кај скопско Кале, собрани 15 кубни метри отпад

Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ викендов реализираа голема акција за чистење на авто-полигонот под скопското Кале и кејот на реката Вардар на тој потег.

Во рамките на оваа голема акција, екипите на ЈП Комунална хигиена отстранија околу 15 кубни метри неправилно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад.

Чистењето на сите диви депонии во Скопје е приоритет, со цел превенција од загадување на воздухот, почвата и водите и заштита на здравјето на граѓаните. Eкипите на градските јавни претпријатија ќе продолжат и во наредниот период со засилени активности на терен за расчистување на дивите депонии на подрачјето на Скопје.

Read Previous

Петков објави фотографија со Ковачевски: Нема да потклекнеме на провокации, нема да не спречите

Read Next

Милошоски: Османи спинува дипломатски именување од пред 10 години