ноември 25, 2024

Османи: 12 лица ја информирале амбасадата дека ја напуштиле Украина

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција посочи дека дипломатите во Амбасадата во Украина остануваат во земјата, додека пак нивните семејства се вратиле во земјава.

Османи посочи дека 12 луѓе досега ја информирале Амбасадата дека се вратиле во Македонија, додека пак во Украина остануваат 30 набљудувачи за мониторинг мисијата на ОБСЕ, за кои денеска треба да се одлучи за нивно повлекување.

„Останува прашањето за 30 наши набљудувачи за мониторинг мисијата на ОБСЕ. Некои држави ги имаат повлечено, како САД, Велика Британија, Данска ги има дислоцирани. Нашата позиција е поспецифична бидејќи ние сме дел од тројката, дел од претседавањето во ОБСЕ и внимаваме какви пораки ќе дадеме во мониторинг мисијата на ОБСЕ. Во контакт сме со набљудувачката мисија“, посочи Османи.

Read Previous

Се запали траект во близина на Крф, сите 237 патници и 51 член на екипаж навреме спасени

Read Next

Министерката Костадиновска-Стојчевска: Не сакам да верувам дека Универзалната сала е стопирана поради политички поени