ноември 25, 2024

Бугарскиот премиер на состанок на Европскиот совет

Премиерот на Бугарија Кирил Петков денеска заминува за Брисел, каде ќе учествува на состанокот на членовите на Европскиот совет, соопшти владината прес-служба во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, европските лидери ќе разговараат за ситуацијата меѓу Русија и Украина. Програмата на бугарскиот премиер Кирил Петков ќе продолжи со учество на Шестиот самит меѓу Европската унија и Африканската унија што ќе трае два дена.

Форумот на највисоко ниво е иницијатива на Франција, која претседава со ЕУ, и има за цел да создаде амбициозен и ориентиран кон иднината сојуз со Африка, кој може да изгради област на просперитет и стабилност. Друга важна тема за време на самитот во Брисел ќе биде пандемијата на Ковид-19.

Read Previous

Законот за минимална плата и Извештајот на ЕК на собраниски комисии

Read Next

Нема влошување на епидемиолошката состојба, во Скопје продолжува скрининг-тестирањето