ноември 22, 2024

Ковачевски-Руте: Дијалогот Скопје-Софија ќе ја забрза одлуката за меѓувладина седница на Северна Македонија со ЕУ

Дијалогот Скопје – Софија ќе овозможи заеднички прифатливи решенија за отворените прашања за двете страни и тоа ќе ја забрза одлуката за одржување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ од што се очекува позитивен импакт и за целиот регион на Западен Балкан, заклучиле денеска во телефонски разговор премиерот Димитар Ковачевски со неговиот холандски колега Марк Руте.

Од владината прес-служба информираа дека Руте му го честитал изборот за премиер на Ковачевски и му посакал успешно остварување на владината програма.

Ковачевски, пак, се заблагодарил за посетата на холандскиот премиер во ноември минатата година и истакнал дека таа посета дополнително ја интензивирала соработката со Холандија, која е најголем билатерален донатор на нашата земја.

Посебна благодарност изразил за силната и континуирана поддршка на Холандија, и на премиерот Руте лично, во аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската Унија.

Ковачевски го информирал неговиот колега Руте дека Северна Македонија продолжува со имплементацијата на европските стандарди во реформските процеси и за новата динамика во дијалогот и отворената комуникација со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков. Исто така, информирал и за актуелните политички процеси дома, особено во делот на справувањето со светската енергетска криза и за поддршката на Владата за ублажување на последиците од неа за граѓаните.

-На крајот од разговорот холандскиот премиерот Марк Руте го покани претседателот на Владата Димитар Ковачевски во прва можна прилика да ја посети Холандија, информираат од Владата.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да го прифати нашиот предлог за повисоки плати и пензии

Read Next

Мицкоски: Поразени беа на избори и затоа спроведуваат систематско уништување на општините