ноември 23, 2024

Дводневен состанок на министрите за одбрана на НАТО

Министрите за одбрана на НАТО ќе се состанат денеска и утре во Брисел при што се очекува да покренат план за формирање четири мултинационални борбени групи во југоисточна Европа како одговор на руското воено засилување во Украина, изјавија тројца дипломати за Ројтерс. Овој потег ќе биде најголемата промена на позицијата на НАТО откако ги постави своите борбени групи во Естонија, Литванија, Летонија и Полска – поддржани од тенкови, противвоздушна одбрана и единици за разузнавање и надзор – како одговор на руската анексија на Крим во 2014 година.

Read Previous

ЕУ и Франција го осудија повикот признавање на териториите во источна Украина

Read Next

Замрзнувањето на цените завршува, Бектеши најави ограничување на профитот на странските производи