ноември 23, 2024

Шолц: Стабилност и безбедност во Европа можат да се постигнат само со Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц го поздрави делумното руско повлекување од украинската граница, нарекувајќи го „добар сигнал“ и додавајќи дека долготрајна стабилност и безбедност во Европа може да се постигнат само со руска помош. Во првиот знак на деескалација во последните неколку недели Москва денес објави дека, како што беше најавено пред почетокот на воените вежби, ги повлекува своите трупи од Белорусија.

Западните држави ја обвинуваа Русија дека ја позиционира својата војска во таа држава за да изврши инвазија на Украина. Зборувајќи на заедничката конференција за медиуми по тричасовниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, Шолц кажа дека Русија е клучен играч за одржување на стабилноста и безбедноста во Европа и дека мора да остане партнер во тоа поле.

„За Европејците е јасно дека долготрајна сигурност не може да биде постигната против Русија, туку само со неа. Дипломатските активности не се воопшто исцрпени. Добар знак е кога слушаме дека дел од војниците се вратиле, се надеваме дека ќе ги има уште. Можно е да се најде решение. Колку и да се чини тешка и сериозна ситуацијата, одбивам да кажам дека нема надеж“, кажа Шолц.

Тој кажа и дека Германија е посветена на обезбедувањето гасот и понатаму да минува низ Украина, во време кога се чека одобрување од Берлин за почеток на работата на довршениот гасовод Северен тек 2.

Германија е посветена на продолжување на транзитот на гас во Европа преку Украина, Белорусија, Полска и постоечкиот Северен тек, „согласно договорите кои постојат“, истакна Шолц. Повтори дека негова цел е избегнување какви било судири во Украина, но дека во тој случај би имало последици.

Read Previous

Влада: Почнат процес за обезбедување алтернативни извори на гас

Read Next

Распуштање на Собранието на Србија