ноември 23, 2024

Берзите реагираат на предупредувањата за можна руска инвазија на Украина

Акциите на светските берзи продолжуваат со пад и денеска по постојаните предупредувања за можна руска инвазија на Украина, што според официјални извори може наводно да се случи неделава. 

Загриженоста од голем конфликт во Европа предизвика и зголемување на цената на нафтата на рекордно ниво во последните седум години. Тоа го потиснаа еврото, и ги натера инвеститорите да се вратат на државните обврзници и на американски долари, јавија некои американски медиуми.

Американската S&P 500 денеска падна за 0.5 отсо, додека Russel 2000 се намали за 0.3 отсто. На претходната сесија, европските берзи паднаа  2.6 проценти, додека јапонската Никеи падна за 2,2 отсто.

Цените на нафтата се искачија на највисоко ниво во последните седум години поради загриженост дека можната инвазија на Украина ќе предизвика американски и европски санкции и ќе го наруши извозот од големите земји производители и извознички на нафта. Пазарите се во грч откако алармантно високо ниво на инфлацијата во САД предизвика шпекулации дека Федералните резерви може да ги подигнат каматните стапките за цели 50 базични поени во март. 

Read Previous

Стејт департмент: Американците би требало веднаш да ја напуштат Белорусија

Read Next

Вучиќ вети просечна плата од 1.000 евра