ноември 23, 2024

Почина Едуард Кукан

Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка и пратеник во Европскиот парламент, Едуард Кукан, почина на 83-годишна возраст.

Кукан беше министер за надворешни работи на неговата земја од 1998 до 2006 година. Тој го освои третото место на претседателските избори во 2004 година.

Беше член на Европскиот парламент од 2009 до 2019 година.

Тој, исто така, служеше како специјален пратеник на Обединетите нации за Косово, назначен од тогашниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан.

Тој беше и еден од посредниците на Европскиот парламент во меѓупартискиот дијалог меѓу власта и опозицијата.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски преговара за Гоце Делчев, затоа не прифаќа Декларација, СДСМ возвраќа: Грижете се за Ќосето и Ванчо Михајлов

Read Next

Дали Кастриот Реџепи бил чуван во премиерската палата? Тој одговара: Мое право е каде ќе престојувам