Европската Унија оценува дека целта на Русија не е да ја окупира Украина, туку само да изврши притисок врз Киев со цел да се ревидира безбедносната архитектура во Европа, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.
Украина не е важна за Русија. За Русија, архитектурата на безбедноста во Европа е важна, архитектурата што ја оспорува. Тие се загрижени за безбедноста и сакаат да разговараат за тоа, истакна Борел за време на посетата на Вашингтон.
Тој додаде и дека целта на Москва не е да ја нападне Украина, туку преку притисок врз Киев да зборува за нешто важно за Русија, а тоа е, како што нагласи, проширувањето на НАТО и безбедносните грижи на тој план. Борел потенцира дека мора да се земе предвид загриженоста на Русија и да се разговара за тоа. Борел истакна дека ЕУ, САД и НАТО се вклучени во дијалог со Русија на различни нивоа.