ноември 24, 2024

Истражување за перцепцијата на извозно ориентираните компании за иницијативата „Отворен Балкан“

Аналитика тинк-тенк денеска ќе ги презентира наодите од првото квантитативно и квалитативно истражување „Перцепцијата на извозно ориентираните компании во Северна Македонија за Иницијативата Отворен Балкан“.

Анализите и истражувањето се изработени во рамки на проектот „Економска интеграција на Западниот Балкан – регионална економска соработка и заеднички регионален пазар – мапирање на напредокот’’, со поддршка на Фондација Отворено Општество Македонија (ФООМ).

– Целта на анализите е да се креира целосна слика за постојната состојба, мапирање на напредокот на РС Македонија кон економска интеграција на Западен Балкан и утврдување на моменталната ситуација во рамки на интегративниот процес  кон ЕУ, со осврт на 4те слободи (слободно движење на стоки, услуги, лица и капитал). Главна цел е сеопфатно мапирање на клучните актери и нивните позиции и предлог препораки за подобрување и зајакнување на соработката во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, посочуваат од Аналитика тинк-тенк. Преку овој настан сакаат да отворат процес на дијалог меѓу сите релевантни засегнати страни, но пред се интегрирање на јавниот и приватниот сектор преку анализи и препораки за креирање на систематски пристап за зајакнување на економската соработка и интеграција на Република Северна Македонија во рамки на Западен Балкан.

Read Previous

Сакеларопулу и Мицотакис ја повторија грчката поддршка за ЕУ интеграцијата на Западен Балкан

Read Next

Маските во училиштата и сертификатите засега остануваат, за прележаните се продолжуваат на 180 дена