ноември 23, 2024

СДСМ: Oд март минимална плата од 18.000 денари, го исполнуваме ветеното пред граѓаните

Владата предводена од СДСМ одново докажа дека силно го вреднува трудот на работниците и остана доследна на заложбата за повисока минимална плата.

Постигнат е договор преку Економско социјалниот совет, од мартовската плата, како што ветивме,  минимална плата ќе изнесува 18.000 денари.

80.000 работници ќе добиваат повисока нето плата за околу 45 евра.

За неполни пет години минималната плата ја зголемивме двојно, односно од 9.000 на 18.000 денари.

Владата предводена од СДСМ ќе ги субвенционира придонесите од разликата од покачувањето, до крајот на годината.

Со ова решение им излегуваме в пресрет и на граѓаните и на стопанството, бидејќи е важно да имаме задоволни и мотивирани работници но и силно стопанство кое ќе  придонесе за поголем економски раст.

Продолжуваме да обезбедуваме повисоки плати и повеќе пари во семејните буџети и повисок животен стандард за граѓаните.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Read Previous

СДСМ да каже кој дел од Декларација за Делчев им смета, дали Ковачевски преговара за Делчев со Бугарија?

Read Next

Трамп од Белата куќа земал писма од Обама и од Ким