ноември 22, 2024

Контролирани 719 возила за превоз на деца, исклучени од сообраќај 34 поради неисправност

Исконтролирани се 719 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 212 локации, во рамки на оперативната акција започната изминатата недела од страна на МВР, врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, особено помеѓу учениците во училиштата и во јавниот превоз, како и почитување и доследно спроведување на законите, на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи.

При тоа се констатирани 44 кривични дела по член 284-а за вршење на јавен превоз без соодветна документација,

Констатирани биле и 121 прекршок кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести и слично.

– Од сообраќај биле исклучени 34 возила поради техничка неисправност и други констатирани недоследности. За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 835 полнолетни средношколци, а извршени се 4.386 прегледи кај ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик, стои во денешното соопштение од МВР.

По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок.

Read Previous

Нова средба за политичките прашања помеѓу Македонија и Бугарија

Read Next

Од борба за живот до злато: Пред три години го победи ракот, а сега стана олимписки шампион