Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во Владата се кршат протоколи. Како што велат од таму, иако на сила се мерки во затворен простор, сепак премиерот Ковачевски организира седници на кои не се носат маски.
Ова е соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:
Зошто во владата никој не носи маски? – Ковачевски крши протоколи, и го загрозува јавното здравје.
Иако на сила се протоколите за носење на маски во затворен простор, а тоа е и услов за влез во затворени објекти, Ковачевски исто како неговиот шеф Заев се става на законите и протоколите.
И додека Заев се возеше со мотори во време на карантин, Ковачевски организира седници без маски и без дистанца.
Ковачевски е опасност по здравјето на граѓаните. Државниот здравствен инспекторат да поднесе кривична пријава против Ковачевски, како одговорно лице и организатор.
Одговорност мора да има.