ноември 22, 2024

Состанок на првата македонско-бугарска група, економијата во фокусот има голем неискористен потенцијал

Македонското Министерството за финансии е домаќин на владина делегација од Република Бугарија, предводена од министерот за иновации и раст, Даниел Лорер, кој заедно со македонскиот министер за финансии, Фатмир Бесими, денеска ќе копретседаваат со првата седница на заедничката работна група за економија, трговија и иновации.

На средбата во Скопје тие ќе разговараат за можностите за привлекување инвестиции, можностите за иновации, финансирање на проекти, зголемување на трговската размена меѓу двете земји, како и за приоритетите за развој на регионот, особено во области во кои може да развиваат заеднички проекти.

Ова е прв состанок на една од четирите новоформирани работни групи (покрај петтата и веќе постоечка Комисија за историски и образовни прашања), откако минатата недела во Софија беше договорен календарот и динамиката за нивна работа, со цел да се динамизираат односите меѓу двете земји во повеќе сфери.
Првата работна група треба да ги лоцира и искористи можностите за поголема економска, трговска и инвестициска соработка.

Според податоците на Македонско-бугарската стопанска комора, има огромен простор за подобрување на соработката. Трговската размена меѓу РСМ и Бугарија во 2021 година изнесувала 663 милиони евра, со раст од околу 30% во споредба со 2020 година, но е помала во однос на трговската размена со Грција и Србија. Претседателот на оваа комора во РСМ, Кирил Лазаров, во повеќе наврати изјавува дека двете земји соработувааат со можности од околу 40%, а имаат потенцијал да надминат и една милијарда евра во трговската размена.

Read Previous

Вашингтон се заканува со санкции против руските олигарси во случај на напад на Украина

Read Next

Али Ахмети објави видео против СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Цело време се обидуваат да и наштетат на ДУИ