ноември 24, 2024

Ѓоргиев: Не бегаме од заедничка историја, но не треба да се сфаќа како што го сфаќа бугарската страна

Не бегаме од заеничка историја, но тоа не треба да се сфаќа како што се сфаќа од бугарска страна, вели копретседавачот на мешовитата македонско-бугарска историска комисија Драги Ѓоргиев. Како што вели тој, со бугарската страна се договориле да имаат шест средби, не може повеќе затоа што меѓу средбите имало многу работа. Како што вели тој за „Слободен печат“ не очекува да има придвижување на работите и приближување на ставовите.

-Кога едната страна ја обвинува другата страна дека не сака да ја прифати апсолутната вистина на првата страна, не може да се очекува напредок во процесот. Бугарската страна инсистира на заедничка историја, воспоставена во средниот век, вели Ѓоргиев за „Слободен печат“ и воедно додава:

-Ние не бегаме од заедничката историја, но, тоа не треба да се сфаќа на начин како тоа го сфаќа бугарската страна – дека историјата од средниот век до 1945 година е заедничка. Ако е така, тогаш тоа воопшто не е заедничка историја, туку е историја на еден ист народ. Таквиот пристап не е научен, не е историски, тоа е само едно политичко толкување. Со постојанава реторика всушност се минираат исходите на средбите – вели Ѓоргиев за „Слободен печат“.

Read Previous

Арсовска: Ме напаѓаат луѓе кои за 4 години ништо не реализираа и ги потрошија парите на граѓаните по кафеани

Read Next

Пендаровски на средба со специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан