ноември 22, 2024

Петков: Историската комисија ќе има барем три средби во следните месеци

Се интензивира работата на Мешовитата комисија прашања меѓу Скопје и Софија, беше речено на заедничката прес конференција меѓу премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

„Сакам да забележам дека историската комисија ќе има во следните четири месеци ќе има барем три средби. Многу интензивна работа, ова е многу оптимистички поглед кон заедничките резултати. Од денешните средби се гледа синергијата и предностите за добрососедство“, рече Кирил Петков – премиер на Бугарија.

На крајот од месец декември беше одржана последната средба за 2021 година, кои ништо не договорија, а од македонска страна тогаш информираа дека главните разлики со нивните бугарски колеги се во разбирањето на улогата на историјата со современите општества.

Read Previous

Ковачевски: Бугарите во Македонија можат да побараат да бидат дел од Уставот

Read Next

Почина маестро Џамбазов