ноември 22, 2024

Ковачевски: Бугарите во Македонија можат да побараат да бидат дел од Уставот

„Во нашиот устав освен македонскиот народ има и албански народ и другите кои ги сочинуваат другите заедници кои се дел од уставот и нормално доколку и други граѓани во државата кои што се самоопределуваат на друг начин и тие може да побараат да бидат дел од Уставот на РСМ“, изјави македонскиот премиер Димитар Ковачевски на заедничката прес конференција со неговиот колега Кири Петков во Софија.

Тој објасни и пред бугарските медиумите дека тоа е процес кој што поминува низ уставни измени, кој што има повеќе чекори во кои се вклучени повеќе институции.

„Доколку тоа се случи, а нормално дека такво нешто се случува на патот на една држава кон ЕУ, бидејќи тогаш се отвора уставот со цел и други адаптирања се направат. Тогаш низ тој процес секако дека ќе бидат опфатени и тие прашања врз основа на барањата на граѓаните“, изјави премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски.

Read Previous

Рочиштето одложено, Рашковски вели Холивуд да го режира, не можа вака да го направи

Read Next

Петков: Историската комисија ќе има барем три средби во следните месеци