ноември 23, 2024

СДСМ: Пецаков да не глуми жртва и да не врши притисок врз институциите

Скандалозно и неодговорно е однесувањето на градоначалникот на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

Откако беше фатен како ги крши протоколите за заштита од коронавирусот и ги загрозувајавното зздравје, Пецаков почна да глуми жртва иако факт е дека наместо да биде во изолација додека чекал резултати за Ковид 19, спротивно на протоколите, тој беше помеѓу граѓаните на одбележувањето на празникот Водици.

Пецаков да престане да врши притисок врз институциите, како претходно правеше неговиот шеф Христијан Мицкоски и да преземе одговорност за своите постапки.

Секој поединец, кој свесно крши протоколи и го загрозува јавното здравје мора да одговара без разлика каква функција врши.

СДСМ

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да отвори постапка за набавката за осветлување на Борче Георгиевски и оштетување на буџетот на општина Гази Баба

Read Next

Водата за пиење во Скопје квалитетна и безбедна