ноември 23, 2024

Со позитивен тест се изгушкал со сите на Водици, градоначалникот на Охрид наместо во изолација, бил на Водици

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков иако имал позитивен тест, сепак не останал дома, не се изолирал, туку излегол надвор и бил дел од манифестацијата по повод Богојавление Водици.

Тој, во негова одбрана вели дека не се изолирал затоа што немал никакви симптоми и се чувствувал добро. Тестот го направил заради патување, но излегол позитивен. Бидејќи се чувствувал добро,се посомневал во веродостојноста на тестот, па одлучил на истото место да направи нов тест, кој испаднал негативен.

На сфојот фејсбук профил, Пецаков го објави негативниот тест, но кој е со датум од 21 јануари, а манифестацијата за водици се одржа во средата на 19-ти јануари.

Се тестирав, не заради симптоми туку заради патување во странство и најбитно и до ден денес никакви симптомим, вели Пецаков на ФБ.

 И добро е што градоначалникот на Охрид нема никакви симптоми, а уште подобро е што неговата здравствена состојба е стабилна. Но, не е добро, иако имал позитивен тест, да учествува во голема маса на луѓе, бидејќи според правилата тоа не смеел да го прави.

Според уредбата донесена од Владата, уште пред една година, а која е на сила се уште, секое лице кое има позитивен тест, треба да седи во изолација, се додека не добие резултати од негативен тест.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, пак, велат дека без разлика од која причина се прави тестот, резултатот треба да се чека во изолација.

Според оваа уредба сите домашни и странски лица симптоматски и асимптоматски на кои им е извршено тестирање за присуство на коронавирус се ставаат во задолжителна самоизолација и тоа од моментот на земање на материјалот за тестирање се до добивање на негативен резултат. Лицето додека е во самоизолација не смее да излегува во тоа време, велат од ДСЗИ.

 Слично беше и со случајот на секретарот на Оштината, Александар Китески, кој исто така добил позитивен, па негативен резултат на тестирањето за Ковид-19 спроведено исто така заради потреба од патување надвор од земјата.

Read Previous

Еден месец по поразот, таборот на Трамп сакал да ги заплени гласачките машини

Read Next

Брисел и Берлин очекуваат резултати од дијалогот Скопје-Софија