ноември 23, 2024

На граничен премин Табановце откриени четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз без документи

На 19/20.01.2022 од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, при контрола при влез во државата на четири комбиња за меѓународен превоз на патници, и тоа две „форд“, едно „мерцедес“ и едно „фиат“, од кои три со струмички и едно со скопски регистарски ознаки, управувани од Т.В.(25), П.В.(50), Ч.Т.(28) и М.П.(33), сите од Струмица, било констатирано дека возилата вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Од страна на полициските службеници биле известени инспектори од Одделението за инспекциски надзор на патниот сообраќај во рамки на Државниот инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски и се преземаат мерки за комплетно расчистувањ ена случаите.

Read Previous

Град Скопје поднесе кривична пријава за организирање на дочекот на Новата Година

Read Next

Д-р Беќаровски: Сите кои се целосно вакцинирани и го прележале вирусот, можат мирно да спијат