ноември 23, 2024

Димитров: Втор ден без мене и преминаа на „салама“ тактика во преговорите со Бугарија

Вчера сами јавно признаа дека го смениле пристапот и стратегијата кон Бугарија, што прво ги урива хистеричните напади за мене и тврдењата дека сме немале внатре разлики, а второ го разобличува и обидот за евтин спин дека нешто Софија отстапила. Ова е реакцијата на Никола Димитров, довчерашен вицепремиер за европски прашања на изјавите на Бојан Маричиќ во Клик Плус на ТВ21, емисија која се емитуваше синоќа.

Димитров вели дека додека бил внатре, мисли на Владата, го држел другиот пристап – ништо не е договорено додека не се договорат сите прашања.

-Вториот ден без мене пристапот и суштината се смени во салама тактика. Велат дека сега со новиот пристап сме имале резултати веднаш. Софија прифатила да го користи краткото име, нешто што само по себе не е наш проблем, туку нивен и нивно барање. За ова неосновано барање да биде прифатено ние пративме нота до ОН што Софија ја бараше две години и не ја добиваше, без притоа да направи било каква отстапка, вели Димитров.

Read Previous

Бектеши: Минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари во вториот квартал од оваа година

Read Next

Груби: Премиер Албанец ќе има и без техничка Влада