ноември 22, 2024

Каевски: Ставот околу изборите е јасен, нема предвремени, избори само во 2024-та година

Нашиот став околу прашањето за предвремени парламентарни избори е јасен, недвосмислен, конкретен. Парламентарни избори ќе има 2024 година, следните парламентарни избори ќе бидат редовни избори, изјави Дарко Каевски одговарајќи на новинарски прашања.

Тој вели дека оваа Влада има полн легитимитет и во период што следи да ги сроведе сите реформи, ситепроцеси, сите проекти и сето она што значи добро за граѓаните, подобрување на стандардот на граѓаните, и токму во овие 2 и пол години има полн легитимитет да го стори сето тоа.

-Во делот на калкулациите и во делот на сите оние лажни обвинувања и прифаќање на понудите, тоа е лицемерието коешто го има ВМРО-ДПМНЕ се со цел да издејствува да избоксува предвремени парламентарни избори коишто на граѓаните во моментот не им се потребни. На граѓаните не им се потребни предвремени парлментарни избори секоја година и со тоа значи дополнителни укочувања на процесите на системот, туку напротив потребно им е сето она за што се залагаме односно спроведување на владината програма, на мерките којшто значат подобар живот, којшто значат подобар стандард и којшто значат подобро справување и со енергетската и со здравствената, а притоа и со економската криза со којашто се соочува државата, вели Каевски.

Read Previous

Дневен хороскоп за 19 јануари 2022 година

Read Next

Бектеши: Минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари во вториот квартал од оваа година