ноември 22, 2024

Петков по посетата на Скопје: Подадовме рака што отидовме први, а тие ни дадоа нота која е поважна од самото кусо или долго име

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска пред новинарите во Софија вчерашната посета на Скопје ја оцени како огромен успех.

„Од една страна ние подадовме рака со тоа што отидовме таму први, а од друга страна тие ни дадоа нота која што се надевавме дека ќе ја добиеме пред две години. Таа нота е многу поважна од само кусото и долгото име. Таа нота покажува дека Република Северна Македонија нема територијални претензии кон Бугарија. Тоа е нешто нормално тие да го кажат, но за нотата се зборуваше, се зборуваше и се преговараше, а ние само затоа што направивме нов пристап, ја добивме. Тука треба да се разбере дека вчера беше огромен успех“, изјавил Петков.

Тој пред новинарите кажа и дека работни групи ќе расправаат за делот од историјата во кој имало фашистички режим во цела Европа и како тоа влијаело на територијата на денешна Република Северна Македонија, а за тоа повеќе ќе расправа историската комисија.

„Многу поважно од тоа е дека се согласивме да имаме транспортна врска од Софија до Скопје за 60 дена. Тоа ќе се направи на најтранспарентен начин“, вели Петков.

На новинарското прашање дали се придржувал кон позицијата на Консултативниот совет за национална безбедност Петков рече: „Многу луѓе вчера видоа дека она што успеавме да го направиме е дека ја добивме нотата, а тие не успеаја тоа да го постигнат“.

Read Previous

„Јас сум политичар кој сака да им помогне на браќата да станат дел од ЕУ“

Read Next

Дневен хороскоп за 19 јануари 2022 година