ноември 22, 2024

СДСМ: Мицкоски да прекине да опструира, избори нема да има

Од СДСМ денеска испратија реакција по повод изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за тоа дека час поскоро треба да се случат предвремени парламентарни избори.

Од СДСМ велат дека Мицкоски треба да „прекине да опструира“ и порачуваат дека избори нема да има.

И за време на празници Христијан Мицкоски повторно ја покажува својата деструктивност. Мицкоски го интересираат само избори и како да се докопа до власт иако и граѓаните и целата јавност е против. Избори нема да има, парламентарното мнозинство е зголемено избрана е нова влада, Мицкоски да престане да опструира и да ја малтретира јавноста со неговите лични желби“, велат од СДСМ.

Read Previous

Мицкоски: Поскапувањето на струјата директно ќе удри на стандардот на граѓаните

Read Next

„Јас сум политичар кој сака да им помогне на браќата да станат дел од ЕУ“