септември 21, 2024

Дали новиот министер ќе донесе правда во Македонија? Професорот Тупанчески ја презема функцијата

Функцијата министер за правда Бојан Маричиќ ја предаде на проф. д-р Тупанчески. Му посака успешно извршување на работните задачи во периодот што претстои.

-Во изминатиот период со Стратегијата за реформа во правосудниот систем 2017-2022 и реализирањето на законодавната агенда направивме чекор напред во функционирањето на правосудството. Верувам дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите, бидејќи од суштинско значење за напредокот на државата и за евроинтеграцискиот процес се оценките кои доаѓаат токму од правосудството, порача Маричиќ.

Сепак, владеењето на правдата, борбата против корупцијата, се секторите за кои најмногу има забелешки од ЕУ, па се поставува прашањето дали професорот Тупанчески конечно ќе донесе правда во Македонија.

Инаку, професорот Никола Тупанчески е роден во 1961 година во Охрид. Редовен професор на Правниот факултет е од септември 2012, додека од 2013 година е раководител на Институтот за казнено право.Тој е професор е по казнено право (прв циклус на студии), меѓународно казнено право, економско казнено право, медицинско казнено право, криминална политика, компаративно казнено право, малолетничко казнено право, правда и внатрешни работи (втор циклус на студии – мастер студии). Изведува настава и спроведува испити и на додипломски, постдипломски и докторски студии, а предавач е на пост-дипломски студии по интелектуална сопственост на Универзитетот во Стразбур.  Активно беше вклучен во реформите за казнено право. Од 2008 до 2013 тој бил и продекан за меѓународна соработка.

Read Previous

Маричиќ оптимист за нова динамика во преговорите со Бугарија

Read Next

Нови врнежи од снег во петок