ноември 22, 2024

Поднесени 100 барања за проценки на штети по земјотресот во Битола

100 барања за проценка на  штети  предизвикани од земјотресот  во Битола и битолските села поднесоа битолчани  за само еден ден до Општина Битола.

Пријавувањето започна вчера, а граѓаните ќе имаат можност да ги пријават штетите во следните две недели, до 26 јануари.

Најмногу оштетувања има  на повисоките катови од зградите, како и во старите градби низ Битола, посебно во централното градско јадро, потоа на некои објекти од јавен карактер, училишта, градинка, зградата на болницата.

Исто така штети  има и во пограничните села кои се блиску до епицентарот на земјотресите што деновиве го тресат Битолскиот регион.

Денеска после пладне Владина делегација  ќе има средба со градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, на која ќе се разговара за настанатите штети од земјотресот.

Инаку, по силниот земјотрес на 9 јануари со магнитуда од 5,6 степени по Рихтер, со епицентар во Грција, на 20 километри од Битола, тлото не престанува да се  тресе.

Вчера после 16  часот беше регистриран уште еден посилен потрес од 4,5 степени, а потоа во текот на ноќта и утрово следеа уште петнаесетина  со помал интензитет.

Read Previous

Одземена лиценцата на агенцијата Беса Травел

Read Next

Премиерот и претседателот на Бугарија излегуваат од изолација, останува на агендата на Петков посетата на Скопје