ноември 22, 2024

Премиерот и претседателот на Бугарија излегуваат од изолација, останува на агендата на Петков посетата на Скопје

Премиерот и претседателот на Бугарија од денеска можат да излезат од карантинот воведен од Регионалниот инспекторат на Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, изолацијата на Кирил Петков и Румен Радев може да се укине доколку и двајцата дадат негативен резултат од ПЦР тестот, а бидејќи и двајцата имаат бустер доза од вакцината против Ковид-19, тие можат да бидат ослободени од обврската за понатамошен карантин.

Правилото е дел од новата уредба на Министерството за здравство на Бугарија за рокот на карантин и изолација.

Петков и Радев прво се самоизолираа, а потоа беа и официјално ставени во карантин, откако на Советодавниот совет за национална безбедност во понеделникот биле во контакт со претседателот на Народното собрание Никола Минчев, за кој се покажа дека е заразен со коронавирус.

Read Previous

Поднесени 100 барања за проценки на штети по земјотресот во Битола

Read Next

Камчев дојде во судот, Мијалков не, втор пат е позитивен на Ковид