ноември 22, 2024

Амбасадорката на САД го предаде американското знаме на Шекеринска, на неколку дена пред да замине од министерската функција

Денес ми беше укажана голема чест. Американското знаме кое ми беше предадено на свечена церемонија како признание за високите достигнувања во одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и САД, најдобра во изминатите 28 години, ја зацврсти мојата определба дека служењето на својата држава и народ е најголемата привилегија само доколку даде видливи резултати, порча Шекеринска на манифестацијата.

Како што изјави таа, за министер за одбрана не постои поголема награда од тоа да работи на двата историски резултати во двете последни, пандемиски години: во 2020 година членство во НАТО, а во 2021 за рекордно кратко време целосна воената интеграција во Алијансата.

Овие успеси се наша национална гордост. И затоа денешниот ден ми влеа верба дека ниту еден напор, ниту еден труд не е залуден, порача министерката во заминување.

Инаку, како што е веќе познато Шекеринска нема да биде повеќе министерка за одбрана. Соред предлогот на новиот мандатар Димитар Ковачевски, на нејзино место треба да дојде Славјанка Петровска. Предлогот е доставен до Собранието, а седницата за гласање на нова влада е закажана за в Сабота. Шекеринска нема да биде дел ниту од раководството на СДСМ.

Read Previous

Филипче му врати на Никола Димитров: Чесно е да кажеш дека не си присуствувал на седниците

Read Next

Одземена лиценцата на агенцијата Беса Травел