ноември 23, 2024

Димитров: Јас сум пречка за лошо решение со Бугарија, поради моите позиции немаше простор во новата Влада, сакаа да ме испратат во Вашингтон и да ме тргнат од дома

За моите позиции немаше простор во новата влада, рече во своето денешно обраќање досегашниот вицепремиер европски прашања, Никола Димитров.

„Затоа, не ме изненади посебно понудата што ја добив, да бидам амбасадор во Вашингтон. Тоа не само што ќе ме тргнеше од дома, туку и ќе ми го врзеше зборот. Знаете дека дипломатите додека се на должност немаат право да бидат гласни и јавно да се борат за своите ставови дома. Кога го одбив Вашингтон добив и друга понуда, да бидам амбасадор можеби во друга земја, па и да избирам. Сфатив дека нечиј влог за да не бидам дома, а со тоа да ослабат и гласовите кои се на линија во преговорите за која што јас се борам е голем“, рече Димитров.

Интересот да ме нема не е само домашен, додаде тој:

„Знаете дека кај соседот ќе бидат еднакво среќни да се ослободат од, како што ме нарекоа, вирус поопасен од ковид“.

Ова прашање е моја лична животна мисија, апсолутна почит за македонскиот јазик, како еднаков на сите европски јазици и европска интеграција потпрена на вистински европски столбови и критериуми“, додаде Димитров.

Read Previous

Димитров со жестоки критики: Немам целосна доверба во Бујар Османи во однос на прашањето со Бугарија

Read Next

Од кабинетот на Заев со реакција за критиките изнесени од Никола Димитров