ноември 22, 2024

Новиот мандатар Ковачевски се сретнал со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и потпретседателката на партија Сафије Садики-Шаини денеска имаа средба со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Како што објави Гаши на својот фејсбук-профил, на средбата е разговарано за владиниот план за држава со европска и прогресивна ориентација.

– Честитајќи му за новата задача на новоизбраниот претседател на Социјалдемократите, Ковачевски, меѓу другото, разговаравме и за иднината на државата и владиниот план за држава со европска и прогресивна ориентација, напиша Гаши.

Алтернатива како дел од новата влада, посочува тој, ќе се заложи за унапредување на државата кон европското семејство и градење на прогресивна држава.

Read Previous

Спасовски: Сериозен успех на МВР во борбата против трговија со дрога

Read Next

Состанок во Бугарија за Северна Македонија на Советот за национална безбедност