ноември 22, 2024

Филипче: Првото бебе годинава е машко, утрово се роди бебе и во ковид центарот

Министерот за здравство Венко Филипче, утрово ја посети клиниката на гинекологија и акушерство а потоа даде изјава за медиумите за ситуацијата изминатата ноќ.

„Најпрво да ви ја честитам новата 2022 година, на сите граѓани, со желба да биде успешно. Првото бебе родено годинава е машко, четврто на семејството Стошиќ. Посакувам да расте во здрава средина. Родено е во првата минута, а потоа во втората минута по полноќ се роди уште едно женско бебе. Првото е спонатно, а второ е родено две минути со царски рез, е женско, и е прво бебе на мајката симона Петровска.

Има едно бебе кое утрово се роди во ковид центарот, мајкта е позитивна. И мајката и бебето се добри.

На клиниката за токсикологија примени се 17 пациенти, 11 се примени поради алкохолизираност после соодветниот третман сите се добри. Во службата за итна медицинска помош имало околу 50 повици, главно поради алкохолизирана состојба, помалку поради физички пресметки, и еден повик поради тешка сообраќајна несреќа. Во инфективното одделение, 60 примени пациенти, околу 40 се со кислородна поддршка“, рече Филипче.

Read Previous

Фирма добила обештетување од 308.000 евра за осигуран имот

Read Next

На Токсикологија примени 17 пациенти, од кои 7 малолетници