Влијанијата се сѐ уште силни од претходната владејачка гарнитура во правосудството. Интересно е што во рок од две недели Мијалков успева во втор план да ги стави политичките настани во земјата. За две недели две различни одлуки на судовите но тоа говори за судството во Македонија – збунето, под влијанија, несамостојно. Претпоставувам ќе дознаеме зошто за толку кус период гаранција од 11 милиони евра беше прифатена, па отфрлена, па укинато решение за притвор. Сетоа ова како објаснение ни го должат судиите, вели Гордана Дувњак во Утрински Брифинг.
-Сеад Кочан беше задолжен да врати 17 милиони евра да врати во државата и тоа никогаш не се случи. Судската васт би требало да биде независна, извшрната васт треба да му овозможи услови, но она што е страшното е што ние 30 години имаме судство што не се доживува како власт. Да беше поинаку, никој од другите власти и моќници не би моел да им се јавува и да врши влијанија, вели Дувњак.