ноември 22, 2024

Учениците од утре на зимски распуст

Учениците од основните и средните училишта денеска го завршуваат првото полугодие од учебната година. Тие од утре се на тринеделен зимски распуст.

Според календарот на Министерството за образование и наука (МОН) предвидено е да се вратат на настава на 20 јануари, односно тогаш ќе почне второто полугодие.

Претходно министерката за образование Мила Царовска рече дека засега нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, бидејќи надлежните сметаат дека епидемиолошката состојба е стабилна.

Таа во повеќе наврати информираше дека процентот на нови позитивни случаи не се зголемувал повеќе од 0,03 отсто, а процентот на активни случаи со ковид-19 кај учениците со физичко присуство, во првото полугодие не надминал 0,3 отсто, според податоците кои МОН ги собира на дневно ниво од сите училишта.

Read Previous

Дувњак: Влијанијата на претходната власт врз судството се уште се големи

Read Next

Оливер Спасовски: Пиротехниката да им ја оставиме на професионалците