септември 20, 2024

Обвинение за 63-годишна жена за узурпација на имот во Маврови Анови

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „Узурпација на недвижности“ според член 225, став 2, во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетата 63-годишна жителка на Скопје на 10 јуни во селото Маврови Анови, без одобрение почнала да гради градба од левата страна на регионалниот пат во правец кон Дебар. Притоа узурпирала и заградила со метална ограда површина од 100 метри квадратни.

Read Previous

Арсовска: Градот е презадолжен, пари за капитални проекти во 2022 нема, ќе се довршуваат започнатите

Read Next

Дувњак: Влијанијата на претходната власт врз судството се уште се големи