ноември 22, 2024

Бесими: Нема пари во буџетот за 2022 за К15 за јавната администрација

Во Буџетот за 2022 година не се предвидени пари за регрес за годишен одмор за вработените во јаниот сектор, информираше министерот за финансии Фатмир Бесими.

– За 2021 година има пари што се планирани со ребаланс на буџетот, а за 2022 година нема пари за К-15 за администрацијата – рече Бесими.

Парите што се наменети со ребалансот, всушност се за еден дел од администрацијата, односно за околу 27.000 работници, членови на Синдикатот на работници од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, кои со грански договор успеаја да го извојуваат ова право.

На протестот во неделата, едно од барањата на Сојузот на синдикати беше и К-15 за сите вработени, и во приватниот и во јавниот сектор, за да нема дискриминација и поделба на работниците.

Read Previous

Османи: Треба да почекаме да заврши судскиот процес за „Диво Насеље“

Read Next

Заев ќе се повлече по новогодишното обраќање на Стево Пендаровски во Собранието?!