ноември 23, 2024

Општина Тетово времено го прекина јавниот автобуски превоз

Од општина Тетово информираат дека јавниот превоз ќе биде привремено во прекин.

„Се известуваат граѓаните и пошироката јавност дека поради хаосот, работење без придонеси на вработените и поради тоа што фирмата работи не регистрирана, додека вработените во фирмата ЈП „Тетова транспорт“ се наведени како вработени во општината, како и поради многубројни неправилности привремено ќе биде во прекин јавниот превоз“, велат од Општината.

Од таму додаваат дека оваа одлука доаѓа за да не се оштети уште повеќе џебот на граѓанинот и за неконтролираните трошоци во ова претпријатие.

„Ваквата состојба ќе трае се додека не заврши конечното скенирање на состојбите создадени во ова претпријатие од претходните раководни структури. Исто така, сакаме да ве информираме дека в.д ќе биде Рафиз Мејдија“, се вели во соопштението.

Read Previous

Кој е Беким Сали, човекот кој наместо Филипче ќе биде министер за здравство?!

Read Next

Таравари: Тоне бродот на СДСМ, ќе потоне со новиот лидер